Ким Кардашијан го објави раѓањето на третото дете

Ѕвездата на американските реални шоу програми Ким Кардашјан и нејзиниот сопруга Кање Вест ја објавија во вторникот радосната вест дека по трет пат станале родители откако сурогат мајка им родила девојченце.

„Кање и јас со радост го објавуваме доаѓањето на светот на нашето здраво, прекрасно мало девојченце, напиша Кардишјан во пораката на социјалните мрежи.

Двојката ѝ се заблагодари на анонимната сурогат мајка „којашто ни ги оствари сништата со најголемиот дар кој некој може да го даде“. Додаваат дека нивната ќеркичка е родена во понеделникот.

Кардашјан и Вест ги имаат четиригодишната Норт и двегодишниот Сејнт.

Ѕвездата на реалните шоу програми и на социјалните мрежи изјави дека решила детето да ѝ го оди сурогат мајка, откако лекарите ја предупредиле на сериозните здравствени ризици доколку повторно остане бремена.