Ким не простува, го убил генералот кој ги менувал зборовите на химната

Севернокорејскиот диктатор, Ким Јонг Ун наредил да се убие еден од неговите генерали, бидејќи ги изменил зборовите на социјалистичката химна додека пеел на караоке.

Ун побесенел бидејќи генералот наместо стихот „благодарејќи на нашата партија“ испеал „благодарејќи на вашата партија“, како и наместо „мрази ги своите непријатели, сакај ја својата држава“, отпеал „мрази ја својата жени, сакај ја љубовницата“.

Инаку оваа вест пристигнала од Јужна Кореја, а во оваа земја претпоставуваат дека генералот веројатно случајно прогрешил во првиот стих, а во другиот само се нашалил.