Ким се лаже сама себе си: Не е точно дека задникот ми е толку голем (видео)

Што и да мислиме за неа, факт е дека Ким Кардашиан е една од најпребаруваните личности во светот. А кога си славен тогаш, меѓу останатото, мораш да се бориш и со најразличните трачеви.

Ким заедно со нејзината извршна асистентка Стефани се осврна на некои написи за неа. Како што вели самата, таа не се „гуглала“ со години, па некои работи навистина ја изненадиле.

На пример, написите за нејзиниот задник, дека обемот и’ е 139 сантиметри. Ким вели дека тоа не е вистина и дека нема ниту 100 сантиметри.

Освен драмата за нејзиниот задник, Ким ги прочита и насловите: „Канје е маѓепсан од Крис и не е вљубен во Ким“, на што одговори:

Ова е вистина, морам да кажам… Ова е вистина…

Таа исто така откри дека не планира трето дете во овој миг, и дека таа и Канје се мошне среќни заедно. Таа се осврна и на насловите дека ја обвинила сестра и’ Кајли Џенер дека и го украла стилот. Ким накратко одговори дека тие всушност си позајмуваат облека меѓусебно како што прават сите сестри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.