Кими: Кој вели дека не сум мотивиран ?

Возачот на тимот Ферари во Формула 1, Финецот Кими Раиконен, остро се спротистави на сугестиите дека има проблем со мотивацијата и дека тоа е причината за лошите резултати на стартот од сезоната во најбрзиот циркус на денешницата.

Финецот по две години поминати во Лотус се пресели во Ферари, а неговите резултати на првите четири трки сезонава не беа ни близу на она што го направи неговиот тимски колега Фернандо Алонсо.

Кими неколку пати до сега истакна дека има проблеми со управувањето на болидот и дека тоа е причината што има смао 11 бодови , 30 помалку од Алонсо во досегашниот тек од Шампионатот.

„Да ја немав мотивацијата немаше да бидам тука. Имавме лоши трки, но нашата цел е да напредуваме. Мораме многу да работиме, бидејќи немавме ниедна трка до сега на која бевме целосно задоволни. Ситуацијата е тешка, но кога ќе поминеме доволно кругови верувам дека се ќе си дојде на свое место“, изјави Раиконен.

Шампионатот во Формула 1 продолжува на 11 мај со трката за ГН на Шпанија на патеката „Каталуња“