Кимје го подготвуваат предбрачниот договор: Посебни ставки за Крис Џенер и пластични операции

Според британскиот магазин „Heat“, двојката во договорот ги внела вообичаените клаузули, како клаузула за неверство, клаузула за дрога, но во документот  Каније побарал  да се внесат и клаузула за пластична операција и ставка за Крис Џенер.

Heat пишува како Каније  сака да вклучи клаузула за својата идна баба, која е позната по „мешањето прсти во сите манџи“  за да го намали нејзиното влијание врз Ким и нејзината кариера.

„Каније  додаде и клаузула за бабата, што значи дека Крис нема да биде во можност да учествува во одлуките кои се однесуваат на нив како двојка. Дури и на работните одлуки“, пишува таблоидот.

Но, Каније сака да ограничи уште една работа која, јавна тајна е, дека Ким многу ја сака и практикува, пластичните операции и естетските хируршки зафати.

Тој и забранил на Ким да оди на пластична операција затоа што неговата мајка Донда почина како последица на липосукција.

Ким предходно се има договорено со својот хирург да изврши операција на носот и липосукција на нејзините бедра и стомак, но ќе побрза и ќе ги направи пред нивната венчавка следната година. Според таблоидот, Ким планирала да легне под нож додека Каније во март е во Париз, па се надевала дека ќе заздрави додека тој се врати и нема да примети. Кога тој го дознал нејзиниот таен план, и се заканил дека ако направи уште една хируршка операција ќе нема венчавка.