Спорт

Кин: Јунајтед мора да купи шест фудбалери

Кин: Јунајтед мора да купи шест фудбалери

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин е убеден дека актуелниот шампион на Англија може да се врати на победничката патека само доколку за време на летниот преоден рок клупските челници ангажираат шест квалитетни засилувања.

„Јунајтед има потреба од шест квалитетни засилувања, од шест нови фудбалери. Политиката на купување и продавање не функционираше како што треба во изминатите неколку сезони. Не купија голем фудбалер, а тоа скапо го платика оваа сезона. Сега на сите ни е јасно дека Јунајтед има потреба од изградба на нов тим, од трансформација. Тоа мора да се случи за време на летниот преоден рок. Сега е вистинскиот момент, само така ќе се вратат на победничката патека”, изјави поранешниот репрезентативец на Ирска.