Кина: 17 лица загинаа во експлозија на гас во фабрика

Седумнаесет лица загинаа, а 20 се повредени денеска во експлозија на гас во фабрика за производство на автоделови во јужна Кина, соопштија кинеските власти, пренесе МИА.

Фабриката се наоѓа во градот Фошан, а локалните власти истакнаа дека спасувачка екипа пристигнала на местото на несреќата.

Локалните медиуми ги пренесуваат изјавите на сведоците, според кои одекнале три експлозии, а ѕидовите и таванот на фабриката се целосно уништени.

Од експлозијата е оштетена и околната фабрика за стакло. 

фото: scmp.com