Кина: 21 лице загинаа во автобуска несреќа

Дваесет и едно лице загинаа и три се повредени во југозападна Кина, откако автобус падна од 100 метри во суво речно корито, јави германската агенција ДПА.

Возачот на автобусот, во кој патувале 24 лица, одлучил да оди по планински пат наменет само за помали превозни средства.