Кина аплицира за членство во ЕБРД

Кина аплицира за членство во ЕБРД
Кина аплицира за членство во ЕБРД

Кина аплицирала за членство во Европската банка за обнова и развој, изјави Ханс Петер Ланкес, главен економист во Банката.

– Кина достави официјално барање за прием во членство на ЕБРД. Очекуваме до средината на декември да биде донесена одлука за тоа барање, изјави Ланкес, пишува МИА.

Според него, ЕБРД е многу активна во централна Азија на Кавказ, ЈИЕ, и тоа се подрачја во кои кинески инвеститори и кинески финансии станаа многу значајни во изминатите неколку години. Ако добие дозвола за прием, Кина би добила мал и симболичен, но престижен дел, коментираат западни медиуми.