Кина бара од САД да не поставува пречки во известувањето на нејзините медиуми

Кина разговарала со САД поради американските планови кинеските државни медиуми да ги регистрира како странски агенти, соопштиле од кинеското минисерство за надворешни работи, повикувајќи го Вашингтон да не става пречки во медиумското известување.

Овој проблем би можел да ги продлабочи и онака веќе влошените односи меѓу Пекинг и Вашингтпн, кои ја заоструваат трговската војна, и да ја поттикна Кина на одмазда.

Весникот he Wall Street Journal пишува дека министерството за правда на САД побарало кинеската државна новинска агенција Xinhua и јавниот телевизиски сервис CGTN да се регистрираат како странски агенти, што на медиумите би можело да им го ограничи пристапот до институциите во Вашингтон.

„Двете страни контактираа и разговараа за овој проблем… С надеваме дека релевантната страна ќе осигури поволности и ќе создаде услови за нормално функционирање на медиумите, а не да поставува пречки… Сите земји треба отвоени и инсклузивно да гледаат на медиумите, а не да го политизираат случајот, изјаво портпролот на кинеското министерство за надворешни работи, Генг, Шуанг, запрашан за споменатиот медиумски напис.

Запрашан дали Кина треба да преземе реципрочни мерки против американските медиумски организации, Генг рекол дека Пекинг секогаш ги поддржувал странските репортери и очекувал од нив да ги почитуваат законите и да изестуваат чесно и објективно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.