Свет

Кина до 2018-та година ќе го достигне американскиот БДП

Кина до 2018-та година ќе го достигне американскиот БДП

Кина според вредноста на оставрената надворешна трговија во 2013-та година за прв пат ги надмина досега неприкосновените Соединетите Американски Држави.

Експертите на Меѓународниот монетарен фонд предвидуваат дека најбројната земја во светот за четири години сосема ќе им се доближи на САД според обемот на бруто домашен производ (БДП), пресметан на основа на паритетот на куповна моќ.

Уделот на кинескиот во глобалниот БДП, во следните четири години, исто така скоро ќе се изедначи со учеството кое што го имаат САД. Официјалните податоци објавени оваа недела во Пекинг покажуваат дека лани Кина остварила трговска размена со остатокот на светот од 4,2 милијарди долари.