Кина до 2024 ќе стане водечка светска економија

Кина ќе стане најголема светска економија во 2024 година, со оглед на фактот што се очекува дека потрошувачката во земјата во наредните 10 години да се зголеми четирикратно, соопшти компанијата за податоци и анализи на глобалната индустрија IHS.

Во соопштението на IHS се прогнозира дека во 2024 година, номиналната вредност на брутодомашниот производ (БДП) на Кина ќе достигне 28,25 милијарди долари и ќе ги надмине американските 27,31 милијарди долари, со што ќе стане водечка економија на светот.

Како што анализира и компанијата Колорадо, со седиште во САД, се очекува пораст на кинескиот удел во светскиот БДП, од околу 12 отсто во 2013, на 20 отсто во 2024 година.

Во наредните десет години, се очекува пораст на кинеската потрошувачка со годишна просечна стапка од 7,7 отсто, со што ќе стане клучен придвижувач на светската побарувачка и светскиот раст, пренесува IHS. Односно вкупната кинеска потрошувачка ќе скокне од сегашните три на 11 милијарди долари до 2024 година.

Истовремено, Глобал Пост објави дека најбројната земја во наредните 10 години ќе ги надмине САД, па затоа многу држави во светот ќе мораат да се одлучат на која од овие две суперсили ќе и се приклучат.