Кина: Економскиот раст на најниско ниво во последните 14 години

Темпото на економски раст на Кина, втората најголема економија во светот, во 2013-тата година бил на најниско ниво во последните 14 години, покажуваат официјалните податоци.

Кинескиот бруто домашен производ пораснал во период од октомври до декември за 7,7 отсто на годишно ниво, додека во претходниот квартал бил на ниво од 7,8 отсто.

Овие податоци укажуваат на предизвиците со кои се соочуваат кинеските бизнисмени во одржување на високата стапка на економски напредок, во време кога се обидуваат да ја урамнотежат економијата.

Кина соопшти дека сака да го промени фокусот од раст на инвестициите, на напредок под влијание на домашната потрошувачка.

Одредени економски аналитичари се сомневаат дека реалниот кинески економски раст е помал од официјално објавените бројки и дека е на ниво од четири до пет отсто.

Кинеските банки позајмиле рекорден износ на пари преку кредити во годините по глобалната финансиска криза во обид да задржат високо темпо на економски раст.