Кина евакуирала стотина работници од Либија

Кина евакуира стотина свои работници од Либија и ги префрли со бродови на Малта, соопшти денеска Марио Кутјар, шеф на Цивилната служба на Малта.

Кутјар додаде дека властите од Малта се подготвуваат привремно да ги сместат работниците, како и идните кои се очекуваат, поради немирите кои се во пораст во оваа северно-африканска земја.

Кина ги повика сите свои државјани да ја напуштат Либија. Околу илјада кинези овој мај заминале на работа во Либија, а севкупно оваа бројка изнесува 1.100 лица. Кинезите од африкаските земји најмногу работат во Либија и Тунис.

Во текот на вчерашниот ден и Филипини изнајмиле брод за да ги евакуираат своите жители на Малта.