понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 34

Кина ги предупредува своите граѓани да не се вљубуваат во странци

aaaaaaaaaa

Последни вести

Кина ги предупреди своите јавни службеници да не се впуштаат во љубовни односи со странци „бидејќи тие би можело да бидат тајни агенти како Џејмс Бонд“.

Имено, во Пекинг се раширил стрип во кој атрактивната вработена во јавен сектор Ксао Ли (Малата Ли) е заведена од Дејвид, црвенокос професор од странство.

Дејвид и носи црвени рози, ја носи на убава вечера и романтична прошетка со цел да ја убеди да му даде „интерни документи од нејзиното пропагандно работно место“.

Таа на почетокот се противи, но на крајот прифаќа.

Меѓутоа, тамошните власти го откриваат Дејвис и го приведуваат, а разочараната Мала Ли дознава дека одела со шпион.

Стрипот е дел од кинеската кампања со која се настојува да се подигне свеста за националната безбедност.

Најчитани вести