Кина го блокира Гугл

Пристапот и услугите на пребарувачот Гугл се блокирани поради 25 годишнината од гушењето на продемократскиот протест на пекингшкиот плоштад Тјенанмен.

Според кинескиот регулаторен орган задолжен за цензура на GreatFire.org, на мета на кинеската влада главен е Гугл пребарувачот, но и Gmail, пренесува Ројтерс.

„Сеуште не е јасно дали оваа блокада е привремена поради годишницата или ќе стапи на сила засекогаш. Но, поради тоа што блокадата трае веќе 4 дена, големи се шансите услугите на Гугл да бидат тешко достапни во Кина“, се вели во соопштението на органот.