Свет

Кина: Голема акција, уапсени 63.000 дилери, запленети 18,2 тони дрога

Кина: Голема акција, уапсени 63.000 дилери, запленети 18,2 тони дрога

Повеќе од 63.000 лица се уапсени на повеќе во локации во Кина во рамките на голема полициска акција против трговијата со дрога. Според кинеските медиуми полицијата запленила повеќе од 18,2 тони хероин и метамфетамин.

Во акција загинале осум полицајци, а дваесетина се здобиле со повреди.
Според кинеските медиуми, ова е една од најголемите и најопасните полициски акции спроведени против дилери во Кина.
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ соопшти дека Јавното обвинителство поднело 56.000 кривични пријави, а со акцијата се разбиени 174.000 наркобанди.