Кина и Бразил – нови трговски договори

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера потпиша повеќе трговски договори со лидерката на Бразил Дилма Русеф која рекла дека тоа покажува дека односите на Пекинг и Бразилија никогаш не биле посилни.

Кина од 2009 година е најголемиот трговски партнер на Бразил, а пред тоа беа САД. Еден од договорите потпишани денес овозможува Кина да купи 60 патнички авиони кои ги произведува бразилскиот произведуваќ Ембраер.

Русеф навела дека официјалните претставници на двете земји исто така разговарале и за кинеското учество во изградбата на планираната железница која би ја поврзувала атлантскиот брег со пацифичките пристаништа во Перу.

Останатите потпишани договори се исто така од секторот рударство, образование и градежништво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.