Кина и Индија договорија одржување на мирот на границата

Индија и Кина се договорија да ја подобрат комуникација меѓу нивните две армии за да се задржи мирот на заедничката граница, објави во саботата индискиот министер за надворешни работи по завршувањето на посетата на премиерот Нарендра Моди на Кина.

Индискиот премиер Нарендра Моди мина 24 часа во кинескиот град Бухан на неформална средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг, неколку месеци откако спорот околу делот од границата меѓу двете земји на Хималаи предизвика страв дека двете најнаселени земји на планетата можеа да завојуваат меѓусебно.

Индискиот министер за надворешни работи Виџај Гокхал за новинарите по завршувањето на разговорите меѓу Моди и Кси изјавил дека двајцата челници се согласиле околу тоа дека нивните земји имаат зрелост и мудрост разликите да ги решаваат мирно по пат на разговори.

„По прашањето на индиско-кинеската граница, двајцата челници го поддржаа работењето на специјалните претставници во настојувањата да најдат праведно, разборито и двострано прифатливо решение. Двајцата лидери, исто така, истакнаа дека во меѓувреме е важно да се одржува мирот на целиот простор на индиско-кинеската погранична област“, изјавил шефот на индиската дипломатија.

Средбата, којашто двете стани ја опишаа како неформален состанок и не состанок на врвот, мина без помпа и церемонии на државна посета. Моди и Кси во петокот разговарале подолго од предвиденото, а си лично го придружувал Моди низ значајниот за кинеската историја во Вухан.

Кинеските државни медиуми ја пофалија атмосферата на средбата и тонот на разговорите. Службениот дневен весник на англиски јазик China Daily, во воведникот напиша дека не може да се негира дека меѓусебната сомничавост ја блокирала соработката на двете земји.

„Но ниту Пекинг, ниту Делхи не ја нарекуваат другата страна непријател, што значи дека двете престолнина очекуваат дека односите ќе се поправат. Кина и Индија се природни партнери“, пишува весникот.

Покрај прашањето за 3.500 километри долгата граница, двете земји спорат и во Индискиот Океан и поради планот на Кси за изградба на сообраќајна инфраструктура. Индија во вторникот му се спротистави на овој план, бидејќи еден од краците на оваа инфраструктура минува делумно низ Кашмир кој е под контрола над Пакистан, а Њу Делхо го смета за индиска територија. Индија веќе подолг период е сомничава кон традиционално блиските односи на Кина со нејзиниот вековен регионален ривал Пакистан.

Кина, од друга страна, е загрижена поради настојувањата на САД да ја вовлечат Индија во својата група на ткн „регионални демократии“ кои се поморски сили, а во која се Јапонија и Австралија. Покрај тоа, Пекинг не гледа благонаклоно на гостопримството коешто Индија со децении му го пружа на тибетскиот духовен водач Далај Лама и на другите Тибетанци во егзил коишто бараат независност од Кина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.