Кина и Индија во преговори за граничната линија

Високи функционери на Индија и Кина разговараат во Њу Делхи во обид да се надминаат старите недоразбирања околу граничната линија што ги дели двете соседни земји.

Обновата на дијалогот за пограничните проблеми доаѓа пред посетата на индискиот премиер Нарендра Моди во Пекинг, што е предвидена за мај оваа година.

Во септември 2014 година двете страни беа вклучени во едни тешки разговори за согласување околу нивната фактичка гранична линија, кои завршија без напредок.

Кина и Индија имаат гранична линија долга 4.057 километри, а најкритичните точки околу кои има и најмногу недоразбирања се во реонот на Химелаите.

Во 1962 година, армиите на двата големи соседа, се судрија во химелајскиот регион, во една краткотрајна војна, по која ништо не се промени.

Од тогаш, во изминатите педесетина година имало десетици случаи на тензија околу границата, а се одржани и бројни средби и разговори за граничните проблеми. Сегашната рунда преговори е 18-та по ред, меѓу Њу Делхи и Пекинг во која двата соседа се обидуваат да ги надминат разликите и конечно да се спогодат околу граничната линија.

Индискиот премиер Моди, веднаш по преземањето на функцијата се заложи за подобрување на односите на Индија со Кина, како и за побрзо средување на разликите за границата.

Во септември минатата година, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше во посета на Пекинг.