Кина: Информациите за летот на исчезнатиот малезиски авион се прилично хаотични

Контроверзните информации за летот на исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“, во кој имаше 239 патници се прилично хаотични, рекол портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе „АФП“.

„Во моментов има многу информации и тие се прилично хаотични, па до моментов ние исто така имаме тешкотии да ги потврдиме дали истите се точни или не“, рекол Кин Ганг, коментирајќи ги информациите околу потрагата по летот „MH370“.