Кина: Изгласана реформата „политика на едно дете“

Релаксирачката реформа, така наречена „политика на едно дете“, што се наоѓа во рамките на пакетот реформи, што беше претставен во Кина минатиот месец, вчера беше изгласана во постојаниот комитет на Народниот конгрес на Кина, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Оваа реформа ќе започне полека со примена веќе од Нова година. Комисијата за планирање на семејство и здравство на Кина, соопштила дека оваа реформа нема да се применува одеднаш во цела држава, туку дека ќе биде променлива во однос на регионите.

„Политиката на едно дете“ била критикувана подолг период, а предвидувала семејствата да се борат за втор дете, доколу имале само едно. Според новата реформа, двојките кои имаат само едно дете, може да „направат“ уште едно.

По оваа реформа, повеќе од 25 милиони лица во земјата ќе може да имаат и второ дете, доколку го сакаат тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.