Свет

Кина ја диктира цената на нафтата

Кина ја диктира цената на нафтата

Цените на нафтата забележаа пад, по слабите економски податоци од Кина, кои што предзивикаа загриженост околу побарувачката од страна на најголемиот светски потрошувач на овој енергенс.

Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во април на Трговската берза во Њујорк поевтинила за 23 центи на 102,35 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за априлска испорака на пазарот во Лондон чинела 108,45 долари, односно 55 центи помалку одошто на крајот на вчерашното тргување.

Податоците од Пекинг покажуваат дека втората по големина светска економија во февруари забележала неочекуван трговски дефицит од 22,89 милијарди долари. Во февруари минатата година, Кина имала трговски суфицит од 14,8 милијарди долари, а економистите кои учествувале во анкетата на агенцијата „Доу Џонс“ минатиот месец очекувале суфицит од 11,9 милијарди долари.