Кина ќе работи на зачувувње на нуклеарниот договор со Иран, Зариф од иста причина во Москва

Кина ќе продолжи да соработува со Иран и ќе го поддржи меѓународниот договор со оваа земја постигнат во 2015 година, му изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на својот ирански колега Мохамад Џавид Зариф кој во понеделникот од Пекинг заминува во Москва поради истата причина.

Кина беше првата станица на дипломатската турнеја на иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, на која појде откако САД минатата седмца објавија дека се повлекуваат од меѓународниот договор со Иран со кој се ограничување неговата нуклеарна програма и дека ќе ги засилат економските санкции кон оваа земја.

 

Зариф во понеделник ќе престојува во руската престолнина Москва, а потоа во Брисел ќе се сретне и со германскиот, британскиот и францускиот шеф на дипломатијата.

Кина ветила дека „ќе заземе објективна, чесна и одговорна позиција… и ќе продолжи да работи на зачувување на договорот“, му пренел министерот за надворешни работи Ванг Ји на иранскиот колега, пренесе агенцијата Xinhua.

Ванг, меѓутоа, не рекол како одлуката на Вашингтон ќе се одрази на кинеските планови за развивање на трговијата и инвестициите во Иран.

Пекинг и Техеран се согласија да ја прошират трговијата на 600 милијарди долари годишно, откако 2016 година се ублажени меѓународните економски санкции за Иран. Иран, инаку, е важен дел од кинескиот план за воспоставување трансконтинентална трговија и мрежа од патна и енергетска инфраструктура. Пекинг минатиот четврток ја започна железничката транспортна врска со Иран, што аналитичарите го сфатија како порака дека двете земји ќе го прошират меѓусебното тргување без разлика на американскиот чекор.

Зариф рекол дека Иран сака да продолжи со напорите во спроведувњето на нуклеарниот договор со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија. Берлин, Пекинг и Москва, како и ЕУ ја критикуваа американската одлука за повлекување од договорот.

Втората етапа од дипломатскиот маратон чија цел е да се спаси иранскиот нуклеарен договор во понеделникот е Москва. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека со иранскиот колега Зариф ќе разговара за тоа како да се спаси договорот, истакнувајќи дека неодамнешната објава на американскиот претседател Доналд Трамп дека се повлекува од договорот создала „кризна ситуација“.

Пред заминувањето за Москва а поразговорите со кинескиот колега, Зариф покажа умерен оптимизам околу можноста да се спаси овој историски договор, кој предвудува укинување на санкциите за неговата земја во замена Иран да се откаже од збогатувањето ураниум.

Во Москва треба да добие поддршка од иранскиот сојузник Русија, која во последните денови е во центарот на случувањата откако претседателот Владимир Путин за истата тема разговараше со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган и со германската канцеларка Ангела Меркел. Путин по одлуката на Трамп оцени дека таа е „длабоко загрижувачка“.

Зачувувањето на договорот е заедничка цел и на Москва и на европските престолнини, што е реткост имајќи ги предвид на тензиите во меѓусебните односи кои постојат последните четири години.

„Соработката меѓу Европејците и Русија, којашто до вчера излгедаше евозмошна со аферата Скрипал, меѓусебното протерување на дипломатите и слабеење на контактите, сега добива нов поттик“, вели Андреј Биклицки, аналитирашр во Рускиот центар за истражување ПИР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.