Свет

Кина ќе одвои 6 милиони долари за храна во подрачјата погодени од ебола

Кина ќе одвои 6 милиони долари за храна во подрачјата погодени од ебола

Кина ќе и достави шест милиони долари на Светската програма за храна за помош на земјите, кои имаат недостиг на храна и кои се погодени од епидемијата на ебола, објави МИА.

Средствата се наменети за Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, каде епидемијата доведе до нарушувања во сообраќајот и до зголемување на цените на храната.

Кинеските пари ќе обезбедат храна за 300 илјади лица за еден месец и тие пред се ќе бидат потрошени за ориз, леќа и грав.