Кина лежи на милијарди, но не може да дојде до нив

Повеќе од 60 отсто од гасот кој Кина би можела да го добие од нафтените наоѓалишта се наоѓа во пределите кои се сиромашни со вода што го комплицира извлекувањето на гасот, кој и е неопходен, оцени денеска Светскиот институт за ресурси.

Институтот во своето соопштение наведува дека оваа земја има најголеми резерви на тој гас во светот.

За извлекување на гасот потребно е во избушените дупки да се испумпа голема количина на вода помешана со хемикалии за да се разбијат карпите и да се ослободи гасот. Оваа ризична процедура се нарекува „хидрокрекинг“.

Американската организација додава дека 38 отсто од природниот гас во светот се наоѓа во Кина, но во подрачјата кои се сиромашни со вода. По Кина следат Аргентина и Алжир.