Свет

Кина откри гас во Јужното Кинеско Море

Кина откри гас во Јужното Кинеско Море

Кина откри над 100 милијарди метри кубни гас во Јужното Кинеско Море, на околу 150 километри јужно од најјужниот кинески остров Хајнан, во подрачјето на спорните меѓународни води, обави МИА.

Извршниот директор и раководител на кинескиот оддел на американската компанија  „ИХС Енерџи“, Сиџоу Џоу оцени дека 100 милијарди метри кубни гас е „пристојно количество“, но дека тоа не и „посебно важно“.

Тој додаде дека тоа количество е доволно за шест или седум месеци снабдување на Кина со гас.