Кина подготвена да воведе дополнителни царини на американски стоки во износ од 60 милијарди долари

Кина во петокот објави дека е подготвена да воведе нова царина на американските стоки во вредност од околу 60 милијарди долари, по цена на ескалација на трговски судир на двете најголеми светски економии.

Економскиот советник на Белата куќа, Лари Кудлоув веднаш реагираше на оваа вест предупредувајќи ја кина дека „не треба да ја потцени решителноста на претседателот Доналд Трамп да воведе и други мерки“ поради „промената на кинеските трговски практики“.

Кинеското министерство за трговија соопшти дека овие потенцијални противмерки за американските стоки во вредност од околу 60 милијарди долари е реакција на неодамнешната закана од Белата куќа дека за 10 до 25 отсто да ги зголеми царините на увозот од Кина вреден 200 милијарди долари. „Дневниот ред за воведување на новите царини ќе зависи од постапките на САД“, се додава во соопштението на кинеското министерство за економија.

Поточно, дополнителните кинески цариници во распон од 5 до 25 отсто би биле воведени на 5.207 видови американски производи, се додава во одвоеното соопштение на кинеското министерство за финансии. Дополнителните царини ќе се однесуваат на голем број прехранбени производи, во прв ред од соја и на говедското месо, на текстилот, хемикалии, делови од авиони и течен земен гас.

Кина си го задржува правото да донесе и други противмерки, додава министерството за трговија, предупредувајќи дека „секоја закана и еднострана уцена само ќе го заостри спорот и ќе им наштети на интересите на двете страни“.

Пекинг не ги затвора вратите за продолжување на преговорите, но единствено „дијалогот заснован на меѓусебното почитување, рамноправноста и двостраниот интерес е начинот за успешно решавање на трговскиот спор“, се истакнува во соопштението на кинеското министерство за трговија.