Кина: Полицијата уби 13 лица кои нападнале полициска станица

Полицијата во Кина изутринава уби 13 лица кои нападнале полициска станица.

Напаѓачите се паркирале со автомобил до полициска станица и активирале експлозивна направа.

Во нападот биле полесно повредени тројца полицајци.

Пред пет дена кинеските власти извршија смртна казна врз 13 лица, кои билеосудени за тероризам и тешки злосторства.