Кина помага за подобра туристичка промоција на Македонија

Кина ќе и помогне на Македонија за подобра туристичка промоција.

Повеќе од седум милиони туристи од  Кина ја посетиле Европа во 2013-та година од кои 2,5 милиони во земјите од централна и југоисточна Европа што преставува 33,5 отсто од вкупниот број туристи од оваа земја.

Постојано растат туристичките аранжмани од кинеските туристи за европските земји, а престојот на кинеските туристи станува се подолг.

Се предвидува дека до 2018 година земјите од централна и југоисточна Европа ќе бидат посетувани од 3,7 милиони кинески туристи годишно,потврдувајки го големиот потенцијал од Кинескиот туристички пазар.Државите од централна и југоисточна Европа (Албанија, Македонија, Бугарија, Босна и  Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Летонија, Црна Гора, Србија) се промовираат како една туристичка дестинација на кинескиот пазар што овозможува разновидност на туристичката понуда, поголема и попривлечна туристичка дестинација.

Целта на оваа конференција која се одржа во Будимпешта на Кина и земјите од централна и југоисточна Европа на 21-22 Мај 2014 година и потпишувањето на меморандумот  помеѓу овие земји, националната туристичка и маркетинг како и националната администрација за туризам на Кина. На оваа конференција Македонија е преставувана од директорот на АППТ  Кристијан Џамбазовски.

Во насока на зајакнување и продлабочување на сорботката во туризмот во ноември 2013 година директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија-АППТ,   Кристијан Џамбазовски оствари посета на Народна Република Кина со господинот Сао Кивеи од  националната туристичка администрација.

На овие средби беше потврдена потполна подршка во насока на македонското присуство на кинескиот туристички пазар за кој веќе се изготвени промотивни материјали на Кинески и актуелното прашање на  усогласен визен режим кон кинеските туристи во земјите на централна и југоисточна Европа.

Директорот на АППТ Кристијан Џамбазовски изрази подготвеност следната година Македонија да биде организатор и домаќин на средбите на исто ниво со кој ќе се овозможи обединување на туристичката понуда на земјуте од ЦЈИЕ на кинескиот пазар.

Извор: МИА