Свет

Кина: Пожар во трговски центар, 17 загинати

Кина: Пожар во трговски центар, 17 загинати

Во пожар во трговски центар во јужна Кина загинаа 17 лица. Локалните власти соопштија дека спасувачката операција траела 18 часа.

Пожарот изби на последниот кат на четирикатницата во округот Хуидонг во југоисточната провинција Гуангдунг.

Во акцијата за спасување учествувале 270 пожарникари и 45 противпожарни возила.

Полицијата ги притвори деветмината менаџери на трговскиот центар, а истрагата за причините за пожарот е во тек.