Кина презентираше нов воен авион

На авиомитингот во Џухај денеска Кина го презентира новиот невидлив за радарите воен авион Ј-31.

Авионот Ј-31 со два мотори имаше демонстративен лет, а потоа на Меѓународната изложба на авијациска и вселенска техника беше покажана макета на авионот.

Портпаролот на Корпорација за авиоиндустрија на Кина (Авик) не даде детали за новиот кнески стелт. Додека други претставници на Авик наведоа дека Ј-31 ќе има уште две демонстрации на авиомитингот во Џухај.

Американски конкурент на кинескиот Ј-31 е Ф-35 Стелт. Експертите очекуваат брз пробив на кинескиот ловец на меѓународните пазари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.