Кина произведе ласерско оружје за уривање дронови

Кина произведе ново ласерско оружје, кое може да урне нисколетечки беспилотни летала, објавија кинеските медиуми.

Новиот ласерски систем има дострел од два километра и може да урне „различни мали летала“ во рок од пет секунди откако ќе го лоцира.

Медиумите прикажале фотографии на голема метална кутија во маскирни бои и остатоци од мало беспилотно летало, од кои некои се во пламен.

Новото оружје ефикасно се користи за летала на максимална височина од 500 метри, кои се движат со брзина од 50 метри во секунда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.