Кина ги обвини САД за полициската бруталност, расизам и глобално прислушување

Кина денеска ги критикуваше САД заради кршење на човековите права и ги осуди заради полициската бруталност, расизам и глобално прислушување, објави МИА.

Во извештајот што главно се темели на пишувањето на американските медиуми, Бирото за информации на кинескиот Државен совет наведе дека во САД често пати се случуваат тешки злосторства и дека полицијата често пати користи прекумерна сила.

Покрај тоа, американските разузнавачки агенции спроведуваат тортура врз осомничените за тероризам и „ги крши човековите права во другите земји“ со напади на беспилотни летала и со шпионирање.

Документот за состојбата на човековите права во САД, Кина го објави еден ден откако САД го објавија својот годишен извештај за состојбата со  човековите права во светот.

Кина, напоменуваат француските медиуми, не изготвува извештај за состојбата со човековите права во  другите земји.

Американскиот Стејт департмент вчера го објави извештајот за состојбата со човековите права во светот, според кој 2014 година била обележена со страдања и злоставувања на преголем број луѓе.

Во извештајот посебно се осудува насилниот екстремизам и целосното непочитување на човековите права и живот од странски групи, како Исламска држава, пакистанската Талибана и нигериската Боко Харам. Исто така, се истакнува дека владата на Кина, Египет, Еритреја, Етиопија, Иран, Русија и Судиска Арабија, покрај другите, настојуваат да ја ограничат слободата и отвореноста на медиумите и развојот на граѓанското општество.

Во извештајот на Бирото за информации на кинескиот Државен совет, се вели дека „парите се одлучувачкиот фактор на американската политика„ и дека „правата на американските граѓани не се адекватно заштитени“.

Пекинг во извештајот наведе и дека во американскиот правосуден систем и полицијата постојат расни предрасуди, како и дека полицајците белци во текот на интервенциите убиле неколку невооружени Афроамериканци што минатата година предизвика протести во САД.

-Полициските убиства на Афроамериканци во САД практично станаа нормална појава, се наведува во извештајот во кој САД се критикуваат и заради случаите на насилство во семејството, сиромаштијата