сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 12

Кина и Саудиска Арабија изведуваат антитерористички вежби

Специјалните сили на Кина и Саудиска Арабија ги спроведоа првите заеднички антитерористички вежби. 

вежби

Поврзани вести

Во маневрите близу до југозападниот кинески град Чунцин од 10 октомври, во времетрење од две недели, учествуваа по 25 лица од двете страни.

Дејствијата биле фокусирани на борбени вежби и тактики за борба против тероризмот.

– Оваа заедничка антитерористичка вежба има за цел да ја зголеми способноста на двете војски за борбата со теторимозт и неконвенционалните закани за безбедност, пишува весникот на кинеската војска.

Маневрите напоредно се и обид Кина да ги зајакне врските за безбедност со земјите од Блискиот исток и нејзините муслимански соседи.

Пекинг одамна се загрижи, дека нестабилноста во Авганистан ќе се распространи кон западниот кинески Синцзјан-Ујгурски автономен реион, каде живеат муслимански Ујгури.

Во август Кина создаде антитерористички сојуз со Пакистан, Аганистан и Таџикистан, а од 20 до 24 октомври ќе учествува во заедничките антитерористички вежби со Таџикистан близу до теџикистанско-авганистанската гранци.

Најчитани вести