Кина се задушува во загаден воздух

воздух

Утринава, четири дена по објавувањето на највисокото ниво на алармантност во Пекинг, кое ќе важи до среда, бројот на фини микрочестици (под 2,5 микрони) на еден кубен метар беше околу 200, што е помалку од очекуваното. Тоа е сепак, ниво осум пати повисоко од она кое го препорачува Светската здравствена организација.

Загадувањето на воздухот е особено високо во пристанишниот град Тјанџин, стотина километри источно од Пекинг, каде што, според националната телевизија, се откажани 180 летови. Заради магла се затворени и сите магистрални патишта во областа.

Болниците во градот пак, јавуваат за зголемен број пациенти со проблеми со респираторниот систем – кашлица, астма, трахеитис, пишува веснникот „Женмин жибао”.

За главен загадувач на атмосферата во Кина се смета согорувањето на јаглен за добивање топлинска и електрична енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.