Кина: Се запали автобус, 10 загинати, 17 повредени

Во пожар кој избил во автобус во провинцијата Џилин загинаа 10 лица, а 17 се повредени.

Трагедијата се случила утринава во автобус во кој имала 43 патници, пренесе АП.

Според локалната полиција причинита за пожарот не е позната, но кинеските медиуми предходно имало инциденти кога противниците на владата подметнувале пожари.

Минатата недела еден маж призна дека подметнал пожар во автобус бидејќи бил изнервиран од неверството на сопругата. Во тој инцидент загинаа шест, а повредени беа 35 лица.