Кина: Седум туристи загинаа при одрон на камења

Најмалку седум туристи го загубија животот при одрон на камења во Кина.

Тие настрадале кога над нив паднале големи камења од планинара во природниот парк Диекај, едно од најпопуларните туристички места во Кина.

Четири лица загинале на самото место, додека четворица биле повредени. Тројца од повредените потоа починале во болница.

Природниот парк Диекај е познат по планинскиот пејсаж и пештери, а е посетен од голем број кинески и странски туристи.