Свет

Кина: Специјалци со хеликоптери и глисери заплениле три тони дрога

Кина: Специјалци со хеликоптери и глисери заплениле три тони дрога

Кинеските власти распоредиле хеликоптери, глисери и специјални единици во акција за заплена на три тони метамфетамин во село во јужниот дел на земјата, познато по производство на дрога.

Силите за безбедност упаднале во селото Боше во кое повеќе од една петтина од населението се занимава со производство или трговија со дрога, соопшти полицијата на провинцијата Гунагдонг.

Во рацијата спроведена во неделата, учествувале полицајци и паравојска од четири града, а уапсени се 182 лица кои биле организирани во 18 големи групи.

Еден локален весник пишува дека во рацијата учествувале 3.000 полицајци, кои заплениле три тони метамфетамин. Жителите на селото Боше, кога се рашириле гласини за можната рација, го блокирале влезот во селото и нападнале полицајци дури и со рачни бомби.

Во ова место се произведува дури една третина од вкупната количина на метамфетамин во Кина.