Свет

Кина тестира петта генерација на стелт борбени авиони

Кина тестира петта генерација на стелт борбени авиони

Усовршената верзија на претходниот модел „Ј-31“, во 2012 како прототип, полета кон небото и остана таму 11 минути.

Минатиот петок новиот модел го имаше својот прв тест како готов модел во градот Шенјанг во североисточна Кина, јави „Чајна Дејли“.

Извештаите велат дека „ФЦ-31“ се покажува како „поневидлив“, содржи понапредна електроника и е со поголема носивост, додека пак, рамките го прават леталото полесно и поподвижно.