недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 24

Кина успеа да поврати 330 милиони долари загубени со корупција

Кинеската Влада успеала да поврати 330 милиони долари загубени со корупција, во рамите на програмата за враќање на корумпираните лица кои се обвинети надвор од земјата, јави ТАСС. 

корупција

Поврзани вести

Веста беше објавена откако Пекинг го стави фокусот на антикорупциската кампања, што започна во 2014 година, за враќање на незаконски стекнатите средства, сокриени во странство.

Фатени се 908 осомничени лица, а 122 од нив се поранешни владини чиновници.

Повеќето лица кои се обвинети за корупција се кријат во САД или Канада.

Според проценките тие изнеле од земјата најмалку 50 милијарди долари.

Најчитани вести