понеделник, 9 јануари 2017  |  Вести денес: 25

Кина успешно тестираше авион со погон на водородно гориво

Леталото се кренало 320 метри над земјата и прикажало одлични перформанси и стабилна работа на сите елементи, дури и при минус 20 Целзиусови степени.

avion-1

Последни вести

Кинеските власти извршија успешен тест на авион со електромотор кој користи водородно гориво.

Се работи за заеднички проект на Кинеската академија на науки и Лијаониншкиот воздухопловен истражувачки институт. Тестирањето се одвивало во провинцијата Лијаонинг, што се наоѓа на североистокот од Кина.

Леталото се кренало 320 метри над земјата и прикажало одлични перформанси и стабилна работа на сите елементи, дури и при минус 20 Целзиусови степени. При тестирањата, не е забележано никакво штетно празнење во атмосферата, се наведува во извештаите.

Прототипот е изработен врз основа на кинескиот електричен авион RX1E, и е со моќност од 20 киловати. За време на полетувањето се користат и дополнителни акумулаторни батерии, кои потоа се гасат.

Со овој проект, Кина стана трета светска сила, по САД и Германија, која поседува таква технологија.

Најчитани вести