Свет

Кина вети отворање на својата економија, и намалување на царините

Кина вети отворање на својата економија, и намалување на царините

Кинескиот претседател Кси Џинпинг вето во вторникот пошироко отворање на кинескот стопанство и намалување на царините, вклучително и на автомобилите, намалувајќи ги тензиите кои се закануваат да прерасната во трговска војна меѓу Кина и САД, двете најголеми светски економии, пренесуваат агенциите.

Во говорот кој директно го пренесуваше кинеската државна телевизија, претседателот Кси Џинпинг не ја спомена директно опасноста од трговска војна со Вашингтон, но со низата мерки се чини дека сакал точка по точка да одговори на нападите од американскиот претседател Доналд Трамп, пишува агенцијата AFP.

„Кинеските порти нема да останат затворени. Тие пошироко ќе бидат отворени“, изјави Кси на годишниот Форум на Бао за Азија во покраината Хаинан.

Кина „ќе влезе во нова фаза отворања, значителни ќе го прошири пристапот на пазарот“ на својот банкарски сектор, како и секторите на безбедноста и осигурувањаето и ќе ја зголеми соработката со странските финансиски пазари, рекол Кси.

„Оваа година значително ќе ги намалиме увозните тарифи на возилата, а истовремено ќе ги намалиме увозните тарифи на некои производи“, изјавил Кси пред меѓународните функционери, меѓу кои и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

Автомобилите коишто Кина ги увезува се царинат по стапка од најмалку 25 отсто, што е голем проблем со САД поради што американскиот претседател Трамп ја обвини Кина дека спроведува „протекционистички“ мерки. САД ги царинат увезените автомобили со 2,5 отсто, забележува AFP, но и Трамп најави зголемени намети за увозот на автомобилите од европските производители.

Кси најавил натаму дека Кина ќе ја зголеми границата за странската сопственоста во автомобилскиот сектор „што е можно поскоро“ и дека ќе го забрза спроведувањето на највените мерки за да го отвори финансискиот сектор, издвојува, пак, агенцијата Reuters од говорот на кинескиот претседател.

Претставниците на странските деловни групации ги поздравиле говорот на Кси, но оценуваат дека му недостигаат детали, а и исто така не биле наведени рокови.

САД се лути на трговската политика на Кина која ја обвинуваат за нечесна практика и кражба на интелектуалната сопственост. „Кина не сака трговски суфицит“, изјавил Кси на Форумот. Меѓу двете земји голем е дефицитот во полза на Кина, од 375 милијарди долари во 2017 година, според тврдењата на Вашингтон.

Говорот на Кси веднаш влијаеше на финансиските пазари, па така на пример берзата во Хонконг, во претпладевното тргување во вторикот забележа раст од 1,4 отсто.

Стравувањата од трговска војна ги притискаат пазарите повеќе од цел месец, откако Трамп првпат најави воведување царини на алуминиумот и челикот а Кина најави противмерки, бидејќи ваквите протекционистички мерки може да ѝ наштетат на глобалната економија. Потоа Трамп се закани со воведување дополнителни 100 милијарди царини на кинеските производи, на што Пекинг веднаш порача дека е целосно подготвен да возврати со „силен противудар“, односно нови трговски мерки доколку САД започнат да ги спроведуваат заканите.