Кина вложила 318 милијарди долари и презела 366 компании во Европа

Кинеската инвестициска трага во Европа се продлабочува во последниве години. За некои изненадувачки, но во рамките на овој потфат се поважно место имаат две земји во регионот- Србија и Хрватска.

Кинеските компании покажале интерес за многу европски инвестициски проекти кои сé уште не се официјално објавени, покажуваат извештаите и податоците на Блумберг. Овој интерес вклучува инвестиции во изградба на нуклеарни централи во Романија и Бугарија, купување на хрватскиот терминал за контејнери, односно пристаниште во Задар и изградба на пристаниште во Шведска, преземање на чешкиот производител на автомобили „Шкода Транспортејш АС“ како и на производител на нафта и гас со седиште во Ирска, инвестиции во францускиот производител на ски-лифтови и во германската електрична мрежа, како и финансирање на изградбата на мостот Пељешац во Хрватска и на железничката линија меѓу Белград и Будимпешта, пренесува Блумберг.

Студиите кои се занимаваат со кинеското присуство во Европа покажаа дека Кина купила или вложила капитал во вредност од најмалку 318 милијарди долари во текот на изминатите десет години. Според достапните податоци, во Европа во овој период се слеале речиси 45 отсто повеќе кинески капитал отколку во САД, изразено во долари.

Блумберг спровел анализа на податоци за 678 бизнис договори во 30 земји од 2008 година за кои се објавени финансиски извештаи. Анализата покажала дека кинеските државни и приватни компании се вклучени во договори во вредност од најмалку 255 милијарди долари во Европа. Кина презела 366 компании, од италијанскиот производител на гуми „Пирели“ до ирската авио-компанија „Aволон холдингс“, а Кинезите елумно или во целост се сопственици на најмалку четири аеродроми, шест пристаништа и ветерници во најмалку девет земји, како и 13 фудбалски клубови.

Фактите покажуваат на тоа дека расположливите податоци ја подценунаат вистинската големина и обем на амбициите на Кина во Европа. Тие не ги вклучуваат 355 спојувања на компании, инвестиции и заеднички вложувања- главни типови на бизниси кои не биле опфатени во истражувањето. Блумберг проценува дека меѓу кинеските и европските партнери се склучени десетици уште попрофитабилни бизниси со додатна вредност од 13,3 милијарди долари. Кина својот бизнис конкретно го фокусирала на Лондон. Во бизнис-областите на британската престолнина отворени се десетина нови канцеларии и комерцијални простории.

Повеќе од половина од сите познати кинески инвестиции се сконцентрирани на подрачјето на петте најсилни европски лидери: само во Обединетото Кралство Кинезите учествувале во инвестиции во вредност од 70 милијарди долари. Но Кинезите еден од најголемите инфраструктурни проекти го направија токму на периферијата на Европа- го купија Пиреј, најголемото пристаниште во Грција.
Германија, Франција и Италија се залагаат за контролен механизам за инвестиции во рамките на Европската унија, додека владите на Грција, Португалија и Кипар се скептични кон таков потег, тврдејќи дека тоа би можело да ја поткопа нивната способност да привлечат толку многу потребниот капитал.

Кинеските инвестиции се акумулирани во неколку основни индустриски гранки. Кинезите откупија удел во германскиот производител на индустриски роботи „Кука АГ“, во скандинавски производител на автомобили „Волво“ и во производителите на енергија, како што е швајцарската компанија „Aдакс петролеум корп“.
Од 2008 година, повеќе од 670 кинески претпријатија инвестирале свој капитал во Европа. Од нив, речиси 100 компании се во државна сопственост или инвестициски фондови, кои заедно биле поврзани со трансакции во вредност од најмалку 162 милијарди долари, пренсува Блумберг.

Сликата на кинеските финансиски интереси во Европа нема да биде комплетна без разгледување на две дополнителни видови на трансакции: купување на голем број на акции на отворениот пазар, како што е бизнисот на кинеската фабрика „пинг Ан иншуренс груп“ со банката „ХСБЦ холдингс Плц“, вреден 10 милијарди долари, или развојот на зелени површина и градежни проекти на претходно неразвиено или недоволно искористени замјишта.