Кина: Во експлозија на гас во рудник заробени 22 рудари

Во рудник за јаглен во западниот дел на Кина се случила експлозија на гас, па под земјата останале зарбоени 22 рудари, соопштиле локалните власти.

Експлозијата во рудникот во покраината Чандиј се случила додека внатре имало 34 рудари, но 12 од нив успеале да се извлечат на сигурно.

Кинеските медиуми навеле дека спасувачките служби се обиделе да дојдат до заробените рудари, но не е познато дали меѓу нив има повредени или жртви.