Свет

Кина за прв пат на воени вежби каде домаќин е САД

Кина за прв пат на воени вежби каде домаќин е САД

Кинески бордови денеска се упатија недалеку од водите на Хаваи каде за прв пат ќе учествуваат во здружени воени вежби. Домаќини на вежбите ќе бидат САД.

Овие вежби се ретка прилика за Кина да изгради доверба со САД и регионалните ривали, вклучувајќи ги Филипините и Јапонија, наведува АП.

Здружените воени вежби на Пацификот ќе започнат на 26 јуни, а во нив ќе учествуваат 23 земји.

Во вежбите Кина ќе учествуваат 1.100 кинески офицери и морнари, меѓу кои и специјални единици и тимови нуркачи.