Свет

Кинеска новинарка доби седумгодишна затворска казна

Кинеска новинарка доби седумгодишна затворска казна

Кинеската новинарка Гао Јие е осудена на седум години затвор и лишување од политичките права во текот на една година заради оддавање државна тајна, соопшти денеска судот во Пекинг.

Гао Јие беше уапсена во мај 2014 година под сомнение дека во странство пренела тајни и партиски документи.

Таа за слично обвинение била осудена на шест години затвор во 1994 година.

Активистите за човекови права ја осудија ваквата одлука. Според нив,  апсењето и процесот против новинарската, е доказ за репресиите против неистомислениците.

На седницата на Советот за правата на човекот на ОН, што беше оддржана минатиот месец, САД ја повика Кина да ја ослободи Гао.

Се очекува Кинеската да ја обжали пресудата.

Гао е обвинета дека објавила документ на Кинеската комунистичка партија за опасностите, кои ги кријат „седумте погрешни идеологии“ вклучувајќи ги и универзалните вредности човековите права.

ФОТО: МИА