Кинеската компанија „Алибаба“ излегува на берза во САД

Кинеската компанија „Алибаба“, специјализирана за трговија преку Интернет, ќе ги понуди своите акции на една американска берза, за да може да собере 15 милијарди долари.

„Групацијата ’Алибаба’ одлучи да почне процес на иницијална понуда во САД. Благодарение на тоа ќе стане меѓународна компанија и ќе ја унапредиме нашата транспарентност“, соопштила компанијата, не го наведувајќи времето и обемот на акциите, ниту берзата на која што ќе ги понуди.

„Алибаба“ е една од најголемите светски Интернет компании, преку чија Интернер платформа годишно се разменува стока во вредност од над 150 милијарди долари, што е повеќе од „Амазон“ и „Е-бај“, заедно.

Првичната работа на „Алибаба“ беше поврзување на помали кинески производители со потенцијални купувачи од странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.