Кинески брод префрлал гориво на севернокорејски танкер?

Јапонското министерството за надворешни работи соопшти денеска дека јапонски поморски разузнавачки авион забележал брод со кинеското знаме, кој, според министерството, пренесувал гориво за севернокорејски танкер на отворено море.

Јапонците се сомневаат дека трансферот бил направен  во непосредна близина на брегот, што е спротивно на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Јапонија го известила СБ на ОН на 19 мај дека го забележал танкерот „Џи Сонг 6“ со знамето на Северна Кореја, прикотвен за брод за кој се верува дека е кинески, на отворено море во Источно Кинеско Море.

Јапонската армија објавила и четири фотографии, вклучително и две на кои се гледаат бродовите еден покрај друг и поврзани со црево. с

Танкерот на „Џи Сонг 6“ е на црната листа на ОН.

Јапонија и САД велат дека санкциите против Северна Кореја мора да биде строго применети, а особено побараа од Кина да го заостри нивното спроведување