Свет

Кинески брод регистрираше сигнал каков што емитува црната кутија

Кинески брод регистрираше сигнал каков што емитува црната кутија

Кинески брод кој е во потрага за исчезнатиот авиона на Малезија ерлајнс во јужниот дел на Индискиот океан, регистрираше сигнал каков што емитува црната кутија, јави денеска кинеската новинска агенција Синхуа.

Детекторот на црни кутии кој се наоѓа на кинескиот брод Хаисун 01 регистрираше сигнал на фрекфренција од 37.5 херци во секунда, што одговара на фрекфренциите кои ги емитуваат црните кутии. Засега нема докази дали тој сигнал е поврзан со исчезнатиот авион на летот МХ370 од Куала Лумпур до Пекинг.

Десетина бродови и авиони се придружија во потрагата и операцијата влезе во својата најинтензивана фаза имајќи предвид дека наскоро ќе се потроши батеријата на црната кутија.